ПРОВЕРКА НА ПОДГОТВЕНОСТА НА ВОЗИЛАТА ЗА СООБРАЌАЈ (ЕКМТ – ЦЕМТ)
Со одобрение на Министерството за транспорт и врски АМСМ УСЛУГИ - ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА ДООЕЛ Скопје се стекна со овластување за издавање на Сертификат за тестот за подготвеност за сообраќај на возилата, кој Сертификат мора да го поседуваат возилата кои вршат меѓународен транспорт.
Проверката на техничката исправност на „EURO3 безбеден“, „EURO4 безбеден“ и „EURO5 безбеден“ камион важи 12 месеци и треба да се обновува секоја година. Преглед се извршува на нови возила како и на возила кои се веќе во употреба.
Секое возило од една композиција (збир на возила) се прегледува одделно, односно посебно се прегледува моторното, а посебно приклучното возило и за секое од нив се издава соодветен Сертификат за тестот на подготвеност за сообраќај на возилата.
Прегледите и издавањето на документи се врши во АМСМ УСЛУГИ - ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА ДООЕЛ Скопје, на ул. Лазар Трповски бб, Скопје. За сите подетални информации околу документацијата и закажување на прегледите можат да се добијат на назначените телефонски броеви во рубриката „Контакт“